Ново мени во лоби барот на хотел Епинал

0
481

Лоби барот на хотел Eпинал е едно исклучително пријатно и комфорно место.

Чувството на комфорот и топлина го дава уникатниот ентериер во кој централно место завзема каминот, што со сигурност престојот на гостите ќе го направат пријатен.

Удобните сепареа и релаксирачката музика допринесуваат кон прекрасниот престој на гостите.

Аперитив барот, како дел од лобито е секогаш достапен за гостите за освежување и разонода.

За гостите во лоби барот секојдневната понуда е збогатена со ново мени, различен вид на десерти и закуски.

Сето ова надополнето со професионален и љубезен персонал .

Лоби барот е и место за организирање на кафе паузи и помали коктел забави.

Располага со повеќе места за седење и се наоѓа во просторниот дел на фоајето на хотелот.

Наскоро во лоби барот на хотел Епинал, гостите ќе може да уживаат во музиката во живо во вечерните часови, која ќе го надополни целиот амбиент на комфор и релаксираност.