Ново поскапување на цигарите

0
1112

Велигденско поскапување на цените на цигарите. Од четвртокот за 5 денари поскапо се продаваат Vest silver, West red и West white, Walter Wolf и Ronhill Black и gold.

Додека пак нов бран поскапувања на цигарите се очекува од јуни и тоа за 4 денари.

Согласно измените во Законот за акцизи на цигарите и производите од тутун, од јули годинава се очекува ново поскапување на цигарите. Законот предвидува зголемување на цигарите секоја година за најмалку 4 денари до 2023 година.

Поскапувањето на цигарите започна пред две години, во јуни 2015, а почнувајќи од годинава, па се во наредните седум години цените на цигарите годишно ќе поскапуваат по четири денари.
Тоа значи дека ако сега плаќате 120 денари за кутија цигари, за осум години ќе плаќате 154 денари за истата кутија.

Дел од парите кои ќе се соберат од акцизата платена за цигарите, според најавеното треба да се користат за подобрување на здравствената заштита на населението, за пушачите пак тоа ќе биде повисок издадок.