Ново реми за новиот Пелистер на Зоран Штерјовски

0
352

Втор пат во 12 дена, Пелистер и соседниот Младост Царев двор одиграа пријателски натпревар. По 1:1 во Битола на 5 јули, денес во Струга на теренот на Караорман по многу топло време, двете екипи одиграа 0:0.  Прволигашот почесто ја имаше топката во своите нозе, но зрелите шанси во првиот дел изостанаа. Цветаноски беше најблиску до водство за „царевите„. Во вториот дел Пелистер воспостави теренска рамнотежа и беше рамноправен противник. Зелените мечот го започнаа во следниот тим: Пашовски, Петковски, Додевски, Степановски, Јоциќ, Трпески, Мустафов, Мирчевски, Кузманов, Миленковски, Главевски. Уште играа: Тодоровски, Стојковски, Љамчевски, Ацески, Трајковски, Димитроски, Лампевски.

 

Јоциќ се врати во Пелистер на отстапка од Работнички

 

Младиот лев бек Дарко Јоциќ една година откако мина во Работнички, се враќа во Пелистер и ќе игра оваа сезона за својот матичен клуб на отстапка. Се работи за 18 годишно момче кое важи за талент од познатата битолска школа.

 

Марковски го засили шпицот на Младост Царев двор

 

Искусниот напаѓач кој потекнува од школата на Пелистер, Благојче Марковски во новата сезона ќе го носи дресот на Младост Царев двор. Новиот прволигаш се одлучи да му понуди едногодишен договор на фудбалерот, кој до минатата сезона го носеше дресот на Ренова, сега ќе игра за „царевите„. Претходно играше и за Силекс и Еуромилк. Минатата сезона имаше сериозна повреда на мечот Силекс – Пелистер, кога ја скрши клучната коска, но добро се опорави и одигра солидна полусезона за „гипсарите„.