Ново студенско организирање

0
1643

Студенскиот парламент не е транспарентен и инклузивен во својата работа. Ова беше истакнато на  јавната консултација која што се одржа во Битола. Оваа иницијативата има за цел да се слушнат мислењата и ставовите на студентите за создавање нов модел на студентско организирање.

Како што велат организаторите, изнесените ставови по ова прашање ќе помогнат во дефинирање аргументи и предлози кои би се доставиле до надлежните институции за подобрување на решенијата во рамки на Законот за високото образование.

– Генерално она што ни го посочија студентите е дека не знаеле дека постои Студентски парламент и не знаеле како функционира, а на УКИМ е друга приказната , студентите знаеле дека постои Студненски парламент меѓутоа тој во минатата година реши да распиши избори кога академската година е завршена , не поднесува финансиски извештаи, а пак на Универзитетот во Штип студентите плаќаат за студенски правобранител меѓутоа тој не постоел во последните 10 години, барем така тие ни посочија, генерално постои ниска информираност, но најважно од се е дека тие се невладина организација кога и да сака некој студент ќе сака да им се уклучи , ќе сака да го реформира тоа што тие го прават , да види нивен финансиски извештај , или да се кандидира за избори не можи тоа да го направи, бидејќи се она што го прават студенските парламенти до сега  не е достапно за широката јавност , изјави Александра Филипова од Младински образовен форум

И додава дека крајно време е преку вакви јавни консултации и со новините во Законот за високото образование да се реши прашањето за студентското организирање. Ваквите отворени консултации со присуство на со студентите се одлична можност да се создаде нов текст кој ќе биде во согласност со потребите и барањата на студентите“, рече Никола Петровски од национален младиснки совет на Македонија

– Она што се случува кај нас е остаток од поранешниот политички систем кој што на организирање на Студенски парламент, за кој што мислам дека е конечно време да се разгледаат тие работи и да се адаптираат на современите услови со кои што се соочуваме денес и од тие причини сметаме дека потребни се овие консултации особено во овој период кога се донесуваат измените на Законот за високо образование па да придонесеме и ние во тој аспект, изјави тој.

Во текот на овој месец, јавни консултации во однос на ова прашање  ќе се одржат и во Тетово и Скопје, а потоа ќе се изработи финален документ со сите препораки произлезени од настаните и на тркалезна маса со претставници од Министерството за образование и наука, академската заедница и младиснки студенски организации ќе ги презентираат и ќе ги достават до Министерството за образование

Ова консултација е во организација на Младинскиот образовен форум и Фондацијата „Отворено општество – Македонија“.