Новогодишен настан на Мали Херои Битола

0
565

Традиционално и оваа година здружението за заштита на животните и животната средина, Mали херои од Битола, организираа предновогодишен настан. На истиот граѓаните можеа да донираат за животните но и да си изберат рачно изработен украс од активистите, учениците од неколку училишта.

Акциите продолжуваат и во месец јануари со посебни ветеринарни попусти.

Битолското здружение Мали херои, кое работи активно од 2011 година, постојано организира голем број на настани,бројни трибини, работилници, работи на поле на подигнување на јавната свест за третманот на животните, се залагаат за почитување и правилно реализирање на Законот за заштита и благосостојба на животните, негово промовирање и покренување на иницијативи за негово дополнување или изменување се со цел гарантирање на правото на живот, како и заштита од малтретирање и секаков вид на нехумано однесување кон животните.