Новогодишна програма на Тера телевизија и Тек Румели

0
794

Во Битола на сцената на Центарот за култура, се снимаше првата македонско-турска телевизиска копродукција на новогодишна музичка програма.

Овој телевизиски проект го реализираат Тера Телевизија од Битола и Тек Румели ТВ од Истанбул, Турција, телевизија која со својата програма го покрива речиси целиот Балкан.

Во овој проект учествуваа група Фонтана и Љубојна од Битола, турските изведувачи Гамзе Матраци и Шенол Меџит.

Новогодишната емисија на Тера телевизија ќе се емитува на 31-ви декември со почеток од 20 часот.