Новороденче загина во сообраќајка кај Штип

0
579

Новороденче е жртва на сообраќајна несреќа во која учествуваше возило на болницата во Струпица, што се случи во понеделникот попладнето кај селото Лакавица штипско, во која е повредено уште едно лице, информираше во вторникот Министерството за внатрешни работи.

Во вторникот, околу 17,50 часот на магистралниот пат Штип-Радовиш, во близина на штипското село Лакавица, се случила сообраќајна незгода меѓу автомобил „фиат добло“ со струмички регистарски ознаки, сопственост на Јавната здравственба установа Општа болница Струмица, а управувано од 58-годишниот Љ.Ч. од Струмица , а како сопатници во возилото биле и 30-годишниот В.Т. од селото Просениково, струмичко, 53-годишната С.С. од Струмица и новородено бебе од 39 годишната мајка Е.У. . Во несреќата учествувал и камион „ман“ со радовишки регистарски ознаки управувано од 27-годишниот М.Т. од селото Трстеник, кавадаречко, во кое сопатник бил 42-годишниот В.Н. од селото Нов Караорман, штипско.

Во незгодата, сопатничката во автомобилот „фиат добло“, С.С. се здобила со тешки телесни повреди, односно скршеница на носна коска, а новороденчето со возило на Клиничката болница во Штип е пренесено во Клинички центар Скопје каде починало.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Штип по овластување на Јавен обвинител./крај/мф/ффс