НСА ги прислушувала Хрватска, Словенија, Србија и БиХ

0
153

Во рамки на тајната операција „Еиконал“, на Националната безбедносна агенција на САД НСА, се проверувани разговори од Словенија, Хрватска, Србија и Босна и Херцеговина,тврди пратеникот од партијата на Зелените во австрискиот Парламент, Петер Пилц.

Пилц наведува дека НСА со помош на германската разузнавачка служба БНД и телеоператорот „Дојче телеком“ од 2005 до 2008 тестирале акција за прислушување телефонски разговори во рамки на тајната операција „Еиконал“ и оти се проверувани и разговори водени од Словенија, Хрватска, Србија и БиХ.

Целта на операцијата било анализирање и филтрирање содржини на телефонски разговори на цивилното население поради опасност од тероризам, појасни Пилц во емисија на словенечката тв станица Поп-тв, и покажа т.н. „жолта листа“ до која дошол по свои канали, а е наводен доказ оти биле прислушувани и обични граѓани.

На „жолтата листа“ е список кој во 2005 го состави НСА, биле ставени 256 телефонски линии за прислушување.

Пилц тврди дека на Американците за прислушување неинтересни во Европа им биле единствено Естонија, Литванија и Малта, и наведува дека сите разговори следени во Европа се анализирани и филтрирани заради барање на разузнавачки податоци, барање карактеристични зборови како „тероризам“, „бомба“…