Нуланд утре во Македонија

0
258

Помошникот државен секретар на САД за европски и евроазиски прашања во Стејт департментот, Викторија Нуланд ќе ја посети Македонија на 11 јули, соопшти Американската амбасада во СКопје.

За време на посетата, таа ќе оствари средби со претставници на владата, функционери на политички партии и претставници на граѓанското општество, при што ќе разговараат за билатерални и регионални прашања, вклучувајќи ја и потребата за решавање на тековната политичка криза, поддршката за работата на Канцеларијата на специјалниот јавен обвинител, како и создавањето на услови за кредибилни избори.