Нуланд утре во Скопје

0
190

Викторија Нуланд, помошник државен секретар на САД, пред пристигнувањето во Скопје во понеделник, испрати куса порака до македонските лидери.

Таа смета дека политичките лидери треба ја нормализираат политичката состојба и да ги следат препораките на ЕУ.
– Нашата порака до Македонија е цврста. Пред вас е голема можност за единство и просперитет. Пред вас е членство во НАТО и ЕУ. Големите политички партии треба да престанат да се расправаат и да тргнат по патот на демократски реформи кои ги подготви еврокомесарот Хан, а потоа да се фокусираат на решавање на спорот за името со Грција, рече Нуланд подвлекувајќи дека оваа можност не смее да се пропушти.