Нуланд во Скопје за кризата, СЈО, изборите

0
625

На 11 јули, американскиот помошник државен секретар за европски и евроазиски прашања, Викторија Нуланд, ќе допатува во Скопје. Тема на разговорите во Македонија ќе биде потребата за решавање на тековната политичка криза, поддршката на работата на Специјалното обвинителство, како и создавање на услови за веродостојни избори .

Нуланд го придружува американски државен секретар на САД, Џон Кери на неговите посети на Грузија, Украина и Полска.

Таа првин на 10 јули ќе ја посети Приштина, каде е планирано да се сретне со косовските политичари и со претставници на граѓанското општество за да разговараат за низа билатерални и регионални прашања, вклучително и за спроведувањето на дијалогот Србија-Косово, евро-атлантската интеграција на земјата и напорите во борбата против корупцијата.