ОАЕ започна масовни напади на цели во Јемен

0
290

Воени авиони на Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) извршуваат масовни напади на позиции на јеменски бунтовници во знак на одмазда за смртта на 45 војници, кои заедно со десетина други загинаа во петокот, кој беше најкрвав ден за арапската коалиција предводена од Саудиска Арабија.

Ријад вчера објави дека во бунтовничкиот ракетен напад во богатата со нафта провинција Мариб, во источен Јемен, загинале и десет саудиски војници.

Во нападот е погодено воено депо, што предизвика голем број експлозии, во кои според јеменските власти животот го загубиле и пет припадници на здружените сили од Бахреин.