Обама и НАТО побараа почитување на демократските институции

0
512

Барак Обама побара од сите политички партии во Турција да и дадат поддршка на турската влада која е “демократски избрана”.

НАТО чија членка е Турција, повика на “смиреност” и “целосна почит на демократските институции”.

Истовремено изјава дојде и од Мухамед Џавад Зариф, шефот на иранската дипломатија. Тој изрази голема загриженост на неговата земја за ситуацијата во соседната Турција. “Стабилноста, демократијата и безбедноста на Турците се приоритет”, рече тој подвлекувајќи дека е “неопходно да се сочува единството на земјата”.

Русија е исто така “екстремно загрижена поради вестите кои доѓаат од Турција” а Владимир Путин е константно во тек со ситуацијата преку неговите дипломатски и разузнавачки служби, изјави портпаролот  Димитри Пешков.

Во моментов религиозните власти повикаа на молитва во сите џамии во земјата како поддршка за владата.

Но на другиот крај на земјата џамиите во Антакија ги повикуваат луѓето да излезат на улица и да го поддржат државниот удар.

Во меѓувреме локалните агенции јавуваат за 17 загинати полицајци. Авиони од типот Ф-16 урнаа хеликоптер кој припаѓал на пучистите, најверојатно во Анкара од каде се слушаат експлозии.

Според владината агенција Анадолу, во редовите на војската имало петмина загинати во околината на јавниот ТВ сервис.