Обама ќе оствари историска посета во Хирошима

0
352

Претседателот на САД, Барак Обама ќе направи историска посета на Хирошима, еден од двата града, настрадани во 1945 година од американски атомски бомби.

Обама ќе стане првиот актуелен американски претседател, кој лично ќе им оддаде почит на жртвите на трагедијата.

За време на посетата сепак тој нема да се извини за жртвите од атомските удари. Самиот Обама изјави за јапонска телевизија во понеделникот дека нема да има извинување.

– Секој лидер зема многу тешки одлуки, особено за време на војна, рече тој.

Барак Обама изјави дека историската посета на Хирошима треба да привлече внимание кон реалните ризици кои го создаваат нуклеарното оружје.