Обама ќе се сретне со Ердоган на неформална средба

0
360

Американскиот претседател Барак Обама ќе има неформална средба со турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган оваа недела во Вашингтон, објави Белата куќа отфрлајќи ги шпекулациите дека неодржувањето на официјален состанок е знак на игнорирање на Анкара.
Ердоган ќе биде еден од 50-те светски државници на нуклеарниот самит во Вашингтон во четврток и петок и тие денови би требало официјално да разговара со американскиот потпретседател Џо Бајден.

Имаше многу претпоставки во турските медиуми за тоа како Обама ќе го прими Ердоган, а некои пишува дека неодржувањето на средбата ќе значи намерна шлаканица на САД за Турција заради несогласувањата околу Сирија и насоката во која се движи турската внатрешна политика.

На конференција за новинарите во Истанбул во пресрет на патувањето во САД, Ердоган рече дека е планирана средба со Обама на самитот, без да знае колку ќе трае.

Кабинетот на Бајден подоцна објави дека потпретседателот ќе го угости Ердоган на состанок во четврток во Вашингтон.

Иако се сојузници во НАТО и во коалицијата против Исламска држава(ИД), Вашингтон и Анкара остро се поделени околу курдската милиција на северот на Сирија. Оваа група ја ужива поддршката на САД, додека Турција ја смета за закана по националната безбедност. /крај/ин/ст