Обама ненајавено се сретна со Ердоган во Вашингтон

0
334

Американскиот претседател Барак Обама ненајавено се сретна со претседателот на Турција Реџеп Таип Ердоган во Вашингтон, соопшти Белата куќа.

Обама и Ердоган се состанаа на маргините на самитот за нуклеарна безбедност.

Претходно беше објавено дека за време на самитот не е планирана билатерална средба меѓу Обама и Ердоган, што беше протолкувано како последица на тензиите меѓу Анкара и Вашингтон во врска со прашањата како што се човековите права, слободата на медиумите и сириската криза.

Како што соопшти Белата куќа, Обама и Ердоган разговарале за „соработката меѓу двете земји во регионалната безбедност, борбата против тероризмот и за прашањето на миграцијата“.

Обама го уверил турскиот претседател дека САД се посветени на одржување на турската безбедност. Двајцата претседатели разговарале и за своите стратегии против Исламска држава.

Обама, исто така, му изразил сочувство на Ердоган за терористичкиот напад во југоисточниот град Дијарбакир со курдско малцинство, каде што во четвртокот седум полицајци загинаа, а најмалку 27 лица се повредени.

Без коментари

LEAVE A REPLY