Обама се извини за трагедијата во авганистанската болница

0
314

Американскиот претседател Барак Обама се извини за вчерашниот напад во Авганистан, кога воздушните сили на САД по грешка бомбардираа болница во Кундуз.

Во нападот повеќе загинаа 16 лица, од кои 9 вработени и 7 пациенти, вклучувајќи и 3 деца.Повредени се 37 лица, а има и стотици исчезнати.

Обама ова го нарече „трагичен случај” и се извини на семејствата на загинатите.

Од друга страна пак, генералниот секретар на Обединетите нации, Бан Ки-мун го осуди нападот на болницата во Авганистан и побара целосна истрага за бомбардирањето.

„Генералниот секретар силно ги осудува воздушните напади во Киндуз кои предизвикаа смрт и ранување на медицински персонал и пациенти в болницата на Лекари без граници на 3-ти октомври“ – се вели во изјавата на кабинетот на Банк-Ки-мун.

Тој бара детална истрага за случајот за некој да сноси одговорност за нападот.

Американсиот претседател повикува светот да се воздржи од коментари и рани заклучоци за виновникот и да му се даде место истрагата да го покаже тоа.