Обама се сретна со Путин, денеска средба и со Ердоган

0
589

Американскиот претседател Барак Обама  во Париз се сретна со рускиот лидер Владимир Путин, каде Обама изразил жалење за уривањето на рускиот авион од страна на Турција.

Конференцијата на ООН за климатските промени претседателите на двете велесили ја искористиле за кус разговор зад затворени врати, а како што јавија светските медиуми ги отвориле темите поврзани со Сирија и Украина.
Обама посочил дека за Сирија најдобро би било претседателот Башар Ал- Асад да замине, додека за Украина напоменал дека е најважно да се почитува мировниот договор од Минск.
Белата куќа соопшти дека Обама денеска ќе се сретне и со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.