Обама за глобалната бегалска криза

0
399
Migrants run against the traffic on a motorway leading to Budapest as they escape a transit camp in the village of Roszke, Hungary, September 7, 2015. Police used pepper spray on a crowd of migrants attempting to break through a cordon at Roszke, on Hungary's border with Serbia, on Monday, a Reuters witness said. REUTERS/Marko Djurica

Администрацијата на американскиот претседател Барак Обама разгледува неколку пристапи како одговор на глобалната бегалска криза, вклучувајќи ја и ситуацијата со раселувањето на бегалците, изјави портпаролот на Белата куќа Питер Бугор.

– Ние сме, исто така, во постојан контакт со земји од Блискиот Исток и Европа, кои беа сериозно погодени од зголемувањето на бегалскиот бран – додаде портпаролот.

Додека Европа се обидува да се справи со бегалската криза од сириската војна, одредени здруженија за заштита на бегалците ја прекорија американската власт за бавната реакција на случувањата.

Истовремено, стотици Американци предложија да прифатат сириски бегалци во својот дом. Во онлајн петиција, 1.300 лица сметаат дека САД треба да дозволат на повеќе мигранти, кои бегаат од граѓанската војна да дојдат на американска територија.

Без коментари

LEAVE A REPLY