Обама заигра жешко танго во Аргентина

0
419

Американскиот претседател Барак Обама синоќа играл танго на државната вечера која во Буенос Аирес во негова чест ја приперидл неговиот аргентински колега Маурисио Макри, пренеле тамошните медиуми.

Обама одиграл неколку чекори со познатата аргентинска танчерка на танго Мора Годој, додека првата дама на САД, Мишел Обама танцувала со танчерот Хозе Лухонес.

Пред вечерат , Обама одржал краток говор во култниот центар „Кишнер“ во кој го пофалил аргентинскиот писател  Хорхе Луис Борхес.