Обединетата македонска дијаспора бара јавно извинување од Каракамишева

0
1059

Обединетата македонска дијаспора испрати реакција по повод колумната на професорката Тања Каракамишева Јовановска во која што таа тврдеше дека Македонците се иселувале поради љубовни празнини и дека потоа на запад живееле мизерно и нереализирани.

Оттаму бараат извинување од професорката. “Колумната на Тања Каракамишева Јовановска е тотална девалвација на целата македонска дијаспора, посебно на способната младина. Длабоко жалиме за потребите и мотивите поради кои госпоѓата одлучила да се обиде да ја навреди и понижи македонската дијаспора пред најголемиот христијански празник“, се наведува во соопштението на ОМД.

На ова реагираше и Каракамишева Јовановска.

“Жално е што не постои елементарен обид за проникнување во нејзината суштина, во поентата на денешното отуѓување од духовните и традиционални вредности, од значењето на домот, и семејството. Сатанизирањето на мојата личност преку извртување на вистината содржана во текстот е дел од поголемата политичка хајка која подолго време се води против мене –пишува Каракамишева Јовановска .