Обединетите нации ја отфрлија жалбата на пресудата во корист на Асанж, се чека реакцијата на Британија

0
137

Обединетите нации ја отфрлија жалбата на Велика Британија на претходната пресуда во корист на основачот на Викиликс Џулијан Асанж како „неприфатлива“, пренесуваат агенциите.

Претходно годинава беше почната постапка во ОН во која беше одредено Велика Британија и Шведска да го ослободат австралискиот новинар и да ги гарантираат неговите безбедност и основните човекови права.

Велика Британија двапати поднесе жалба на пресудата, но Обединетите нации ги отфрлија двете.

„Сега кога сите жалби се искористени, очекувам Велика Британија и Шведска да ги прифатат нивните меѓународни обврски и да ме пуштат на слобода“, изјави преку соопштение Асанж, кој својата ситуација ја опиша како „очигледна и ужасно неправедна“.

Асанж се крие во амбасадата на Еквадор во Лондон од 2012 година за да избегне апсење и екстрадиција во Шведска, каде му се заканува обвинение за силување. Неговиот најголем страв, меѓутоа, е дека Швеѓаните би можеле да им го предадат на Американците, каде би можел да се најде на суд за објавување доверливи документи на сајтот Викиликс

http://www.mkd.mk/