Обединувањето на Европа без Русија води кон трагедија

0
421

Шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров смета дека западните обиди за исклучување на Русија од процесите за креирење на европска и глобална политика секогаш воделе до трагедија.

– Трајна стабилност е можна само со соработка, наведе Лавров во авторски текст во магазинот „Раша ин Глобал Аферс“, осврнувајќи се на руската надворешна политика во последниве 1.000 години.

Според Лавров, руската надворешна политика секогаш се залагала за зачувување на рамнотежата на мирот и стабилноста во меѓународните односи.

Шефот на руската дипломатија смета дека „обидите за изолација на Москва како светска сила“ секогаш воделе до историски порази и безбројни човечки жртви.