Обележување на хоризонталната сигнализација

0
704

За поголема безбедност на учесниците во сообраќајот, особено на пешаците продолжува обележувањето на хоризонталната сигнализација низ битолските сообраќајници.


Откако почнаа со обележување на пешачките премини на улицата Васко Карангелевски исто како и на другата хоризонтална сигнализација, денеска регистриравме како тоа се прави на Булеварот Први Мај од потегот кај Безистенот па нагоре од десната страна на реката Драгор.

Аакцијата ја почнаа пред неколку недели, откако на повеќе места низ Битола пешачките премини станаа речиси невидливи и за пешаците и за возачите.

Опасноста беше што не само на вечер кога е намелена видливоста и денски беше проблем да се забележи каде е пешачкиот премин.