Обезбедување на услови за фер избори е императив и загарантираниот датум , а не бројката 24. Април

0
289

Ние се изборивме за предвремени избори, но за тоа е потребна целосна имплементација на Договорот од Пржино –  обезбедувањето на услови за оддржавање на  фер и демократски избори е императив на договорот од Пржино, а не загарантираниот датум, изјави лидерот на СДСМ, Зоран Заев во интервју за Канал 5 телевизија, одговорајќи на прашањето дали ќе има избори на 24. Април.

Вo Договорот од Пржино, вели Заев, има дел од работите кои се завршени, како формирањето на Специјалното обвинителство, но има дел како слободата на медиумите и проверката на избирачкиот список кои се нецелосни.Избирачкиот список  воопшто не е среден а медиумските реформи не се ниту почнати. Нема да идеме на избори како до сега, па некој да не ги признава!Целта на договорот  е да се сменат овие ујдурми досега , и да се направат фер услови.