Обид за атентат врз повеќе владини претставници на Јемен

0
222

Над 10 луѓе се убиени, помеѓу нив и војници на Обединетите Арапски Емирати при експлозија на граната во јеменскиот град Аден, во кој биле сместени претставници на владата на претседателот Абду Рабу Мансур Хади, соопштија властите на Јемен.

Засега нема информации дали при експлозијата загинале и политичари од неговата влада.

Премиерот Калид Баха често престојувал во Ал Каср хотелот, меѓутоа нема информација дали за време на експлозијата бил во хотелот.

Јемен изминатава година е место на препукувања помеѓу коалицијата која ја поддржува владата на Хади, и во неколку наврати извршија воздушни напади за да ги дислоцираат бунтовниците Хути, под чија контрола е главниот град Сана.