Обид за атентат врз претседателот на Луганск

0
267

Лидерот на самопрогласената сепаратистичка република во источна Украина е повреден во обид за убиство, велат сепаратистите. Лидерот на т.н. Народна Република Луганск, Игор Плотницки „утрово беше повреден како резултат на силна експлозија која се случи во близина на неговиот автомобил“, соопшти официјалната сепаратистичка новинска агенција. Плотницки бил хоспитализиран во локалната болница заедно со неколку луѓе кои биле поврдени од оксплозијата во градот Луганск. Тој бил во стабилна состојба и без закана за негвиот живот.