Обид за напад на полициска станица во Париз

0
394

Француските власти соопштија дека полицијата застрелала маж кој со нож се обидел да влезе во полициска станица во западен Париз. Мажот извикувал Алах Акбар додека се наближувал кон станицата и можеби носел и самоубиствен бомбашки појас. Според полицијата, мултиетничката населба каде што се наоѓа станицата била блокирана. Инцидентот се случи на годишнината од минатогодишните смртоносни напади на неделникот Шарли Ебдо.