Обид за преврат во Ерменија?

0
717

Едно лице загина откако утрово вооружена група го нападна полициски штаб во главниот град на Ерменија, Ереван. Напаѓачите според првичните информации бараат ослободување на шефот на опозицијата.

Нападот започнал кога вооружена група со камиони минаа низ портите на седиштето на полицијата, по што ја презедоа контролата на зградата

Според дел од локалните медиуми, шефот на локалната полиција се држи како заложник.
Во моментов, според официјалното соопштение од властите, се преговора со вооружените групи за да се обезбеди нивно мирно предавање на властите, во изјавата се додава дека поддржувачи на напаѓачите шират лажни информации за „вооружен удар”, преку социјалните мрежи.