Обиколницата над Битола и затворена и отворена

0
3595

Поради одрони на патот се уште е затворен магистралниот пат А-3, Ресен-Битола-Прилеп, кај Битола. Сообраќајот се пренасочува низ градот Битола. Ако вака информиравме пред повеќе од половина година, денес информацијата е дека патот е затворен за сообраќај, причината не е  позната. Барем ние медиумите не ја знаеме.

Прашавме во општина Битола, зошто толку долго време овај патен правец е затворен за сообраќај, ни рекоа дека тоа не било во нивна надлежност. Го побаравме раководителот на Македонија пат во Битола , ни кажа дека е на болничко отсуство веќе два месеци, и незнаел како се одвивале работите. Не препрати кај друго лице од Македонија пат претпријатие кое работеше на санација на патот уште зимоска кога го затворија и досега не го отворија повторно. До ова издание вести чекавме на повратен одговор.

Инаку она што ги загрижува битолчани е фактот што заради затворениот пат на што секое утро предупедува Автомотосојузот на Македонија за состојбата на патишата, е тоа што целиот транзит со месеци наназад се случува низ Битола. Сите оние кои одат кон југозападот на Македонија одат преку ценарот на Битола и лесни и тешки товарни возила. Освен што прави тоа гужва во сообраќајот низ градот, причина е и за дополнително загадување на воздухот.

Но, останува и едно друго прашање. Ако офоцијално патот е затворен за сообраќај а тоа е означено, односно предупредено со сообраќајни знаци, како тогаш возила се движат по овој, условно речено затворен пат.