Обилни врнежи од дожд и заладување

0
1205

Од вторник нашето подрачје ќе потпадне под влијание на циклонска активност и на серија од влажни бранови од Медитеранот, поради што ќе настапи значителна промена на времето. Во вторник и среда ќе биде претежно облачно и свежо со врнежи од дожд, кои на места ќе бидат обилни. Температурата на воздухот значително ќе опадне во споредба со денешната и ќе се движи од 18 до 25 степени. Во четврток и петок ќе има и услови за локална нестабилност  со пороен дожд и грмежи, а температурата ќе биде во постепен благ пораст.

Поголеми количини на воден талог се очекуваат во западните и јужните делови од земјата.

Во случај на појава на електрични празнења се препорачува поголема внимателност, и да не се престојува на отворен простор и под осамени дрвјаДа се превземат соодветни активности за заштита од поплави, предупредуваат од УХМР.