Објавен нов оглас за доделување на 40 стипендии за Академијата за менаџери

0
1983

Министерството за образование и наука, вчера објави оглас за доделување на нови 40 стипендии за студирање на Академијата на менаџери.

Четврта година по ред Министерството за образование и наука доделува стипендии за Академијата за менаџери а до сега има доделено 120 целосни финансиски субвенции  во висина од 500 по лице. Стипендијата е наменета за лица веќе вработени во јавен или приватен сектор и се на одговорни менаџерски позиции.

-Овие модули овозможуваат нивна доквалификација и подготовка за поцелосен и поуспешен менаџмент на активностите  и во јавниот и во приватниот сектор. Ја користам оваа прилика да апелирам  секој кој што е заинтересиран да го разгледа огласот и доколку има интерес да аплицира за истиот , порача денеска заменик министерот за образование и наука, Спиро Ристовски.

Огласот е отворен до 16 ноември за лицата кои се заинтересирани за модулот за менаџирање, а до 23 ноември ќе можат да аплицираат лицата кои се заинтересирани за модулот за финансии.