Објавен новиот конкурс за пилоти во АРМ

0
357

Министерството за одбрана на Република Македонија денес го објави новиот конкурс за идни пилоти во Армијата на Република Македонија.

-Ги повикуваме сите млади лица до 27 годишна возраст, кои ги исполнуваат општите и посебните критериуми и кои имаат силна мотивираност да бидат дел од воздухопловните сили на Армијата на Република Македонија, да се пријават на Конкурсот. Идните потенцијални пилоти ќе имаат можност да се обучуваат во Центарот за обука на пилоти од високо квалификувани професионалци од Израел и Македонија, соопштуваат од Министерството.

Сите подетални информации во однос на Конкурсот може да се пронајдат на веб страната на Министерството за одбрана.