Објавен тендер за изградба на северната трибина

0
625

Општина Битола објави тендер за избор на градежна компанија што ќе ја изведува северната трибина на спортскиот објект.

Првата фаза од реконструкцијата и доградбата на стадионот под „Тумбе Кафе“ треба да се комплетира во рок од 24 месеци. Пред да започне реализацијата на проектот, Општина Битола ќе треба да го избере најповолниот понудувач. Заинтересираните фирми имаат рок до 25 април за да ги достават своите понуди за учество во проектот. Очекувањата на локалните власти се дека изградбата на северната трибина ќе чини 233.538.821 денари (околу 3,8 милиони евра) без вклучен ДДВ.