Објавена фотографија на организаторот на нападот во Истанбул

0
500

Турската управа за борба против тероризам објави фотографија на еден од терористите кои учествувале во нападот врз аеродромот во Истанбул, во вторникот, во кој загинаа 41 лице, а 239 беа ранети.

Фотографијата ја објави весникот Хуријет, а се наведува дека турската полиција се сомнева дека станува збор за Илхами Бали или Абу Бекр, означен како водачот на Исламската држава за Турција, кој во оваа земја се наоѓа на црвена потерница.

Абу Бекр бил снимен од една од безбедносните камери на аеродромот, а безбедносните служби терористот го препознале по обувките.

Турските безбедносни служби веруваат дека тој го наредил нападот кој на 12.јануари се случи во Истанбул, во кој загинаа 12 лица. Според турските медиуми тој го организирал нападот во Анкара на 10.октомври 2015 година, во кој бомбаши самоубијци усмтрита 103 лица. крај/мф/нц