Објавени датумите за полагање на екстерните испити од државната матура

0
1042

Министерството за образование и наука и Државниот испитен центар ги објавија датумите за полагање на екстерните испити од државната матура во учебната 2015/2016 година во јунскиот испитен рок.

Според утврдената динамика, мајчин јазик и литература ќе се полага на 4 јуни 2016 година, математика на 9 јуни 2016 година, странски јазик на 13 јуни 2016 година и физика, хемија, биологија, бизнис, историја, филозофија и естетика на 15 јуни 2016 година.
Сите испити започнуваат во 10:00 часот. Прелиминарните резултати од екстерните испити на кандидатите ќе им бидат достапни најдоцна 30 дена од спроведувањето на последниот екстерен испит. /крај/со/ст