Објавени нови тајни документи на НСА

0
327
epa04686650 (FILE) A file photo dated 07 June 2013 shows the headquarters of the National Security Administration (NSA) in Fort Meade, Maryland, USA. Reports on 30 March 2015 state that two people were being treated for injuries outside the NSA at Fort Meade following an incident at one of its gates. EPA/JIM LO SCALZO

Голем број тајни документи на поранешниот службеник на американската Национална агенција за безбедност (НСА), Едвард Сноуден ќе станат „отворена книга“ за новинарите и организациите, кои сакаат да соработуваат со новинарската организација, која ја држи архивата.

Сајтот Интерсепт, кој го покрена новинарот Глен Гринвлад, упати повик до новинарите да работат со нив и целосно да ја истражат архивата на Сноуден.

Интерсепт исто така објави десетици документи на НСА, меѓу кои и оние кои се однесуваат на методите на испитување затвореници во Гвантанамо.

Се наведува дека НСА имала лице за врски, кое било одговорно за одржување секојдневен контакт со оние, кои ги испитувале затворениците, за да ги процени и искористи нивните информации.

Гринвалд бил дел од тимот, кој прв го интервјуирал Сноуден во 2013 година.

– Од почетокот имавме став да соработуваме со странски и други американски медиуми, а не целиот материјал да го задржиме само за себе. рече Гринвалд.

Тој додаде дека Интерсепт ги подеилил документи со дваесетина медиуми и новинарски тимови од повеќе земји, меѓу кои и со „Вашингтон пост“, „Њујорк тајмс“, „Пропаблик“ и „Гардијан“.