Објавени писма на убиената српска дипломатка

0
541

Слаџана Станковиќ, службеничката од српската амбасада која беше киднапирана во Либија, а потоа и убиена во воздушните напади на американски воени авиони, три години претходно пишувала писма до министерството за надворешни работи на Србија во кои буквално молела да биде вратена во својата земја.

Српски Блиц ги добил нејзините молби од колегите на Слаџана во Либија и најави дека ќе ги објави јавно денеска и утре.

„Ве молам, имам деца… Ве молам затоа што сум жена во Триполи… Ве молам, чесно работев десет години… Ве молам, најдете ми замена!“, пишувала и молела Слаџана Станковиќ, но залудно.

Без коментари

LEAVE A REPLY