„Објави ме“

0
147

Барајќи начин да се излезе од рамките на редовните содржини на телевизија и на еден нов иновативен начин да се открие кои теми му се важни на реалниот гледач, намерата на проектот „Објави ме“ е на  граѓаните/гледачи да им се претстави моделот на граѓанско новинарство.

МКЦ Битола во соработка со Тера телевизија за прв пат им овозможува на  граѓаните директно да се вклучат во медиумскиот простор како репортери и креатори на содржина во краткиот серијал „Објави ме“.

Целта е да се подобри критичкото разбирање на граѓаните за содржините и функционирањето на медиумите преку нивно директно вклучување како репортери и креатори на медиумски содржини.

Стартувавме со првата емисија.

 

Без коментари