Облачно денес и утре, од среда летни температури

0
166

Променливо облачно, попладне со повремен локален дожд и услови за ретки грмежи, особено во планинските подрачја, е прогнозата на УХМР за денеска. Ќе дува слаб, а долж Повардарието умерен северен ветер.

Дневните теемператури ќе бидат во Скопје 28 Целзиусови степени, Тетово 27, Маврово 17, Дебар 26, Крива Паланка 24, Виница 27, Куманово 28, Штип и Свети Николе 27, Берово 22, Струмица 28, Гевгелија, Дојран и Демир Капија 29, Кавадарци 28, Прилеп 24, Охрид 24, Битола 25, Крушево 19, Претор 23…

И утре времето ќе биде променливо облачно, попладне со повремен локален дожд и со појава на нестабилност проследена со повремено пороен дожд и ретки грмежи.

Од среда конечно ќе имаме вистинско летно време – сончево, топло, со температури над 30 степени.