Облачно и посвежо, на места со повремен дожд

0
465

Променливо облачно и посвежо, на места со повремен дожд, а локално ќе биде и нестабилно со пороен дожд и грмежи. Ќе дува умерен, вдолж Повардарието засилен северен ветер.

Утринските температури ќе се движат од 11 до 19 степени, додека дневните ќе бидат во интервал од 19 до 32 степена.

Во Битола и околината слично време со дневна температура до 26 степени.

УВ индексот ќе изнесува 7.

Во среда и четврток времето ќе биде стабилно, а локална нестабилност ќе има во петок. /крај/ухрм