Облачно и посвежо

0
246

Во Македонија денеска ќе преовладува облачно и посвежо време со врнежи од дожд со послаб, а во западните и јужните делови повремено со умерен интензитет. На повисоките планини можен е и повремен снег.

Максималната температура ќе се движи од 13 до 19 Целзиусови степени.

Од утре временските прилики ќе бидат променливи, облачно со повремени врнежи од дожд. Утре и задутре во попладневните часови, пред сѐ на запад, ќе има услови и за појава на ретки грмежи. Од четврток ќе почне да дува северен ветер кој особено ќе засилува во петок. Во петок врнежите ќе завршуваат, а тогаш поради спуштање на температурата се очекува појава на слаб снег на врвовите и на пониските планини.