Облачно и повремено врнежливо

0
285

Променливо облачно, со повремен дожд, особено во југоисточните делови и слаб до умерен јужен ветер, гласи прогнозата на УХМР за денеска.

Дневната температура во Скопје ќе биде 18 Целзиусови степени, во Маврово 12, Охрид 16, Битола 17, Дојран 19, Кавадарци 18, Крива Паланка 16, Берово 13…

Утре времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со слаб до умерен јужен ветер. Дневните температури ќе се движат во интервал од 14 до 20 степени. Слично време ќе имаме и во среда, кога повеќе врнежи од дожд ќе има во западните делови од земјата.