Облачно и свежо време

0
974

Утрово најстудено со 12 степени во Лазарополе, Маврово, Крушево, 13 Берово, 14 Пожаране, Ѓуриште, 16 Кр. Паланка, Штип, Виница, Тополчани, 17 Охрид, Прилеп, 18 Битола, Тетово, Струмица, Претор, Куманово, Д. Капија, Скопје, 19 Гевгелија, 20 Дојран.

Најмногу дожд 24 литри на метар квадратен наврна во Берово.

Во текот на ноќта се задржа претежно облачно со умерен, а во Скопје повремено и засилен северен ветер (околу 45км/час). Во вечерните часови и во првата половина од ноќта на места беше и нестабилно со пороен дожд и грмежи, особено во јужните делови (од Мариово до Дојран и Струмица),а локална нестабилност имаше и во планинските подрачја во источните и југозападните делови. Утрово е облачно и претежно суво.

Времето денеска облачно и свежо, со врнежи од дожд, кои во јужните и источните делови повремено ќе бидат поројни и пообилни (над 30л/м2). ). Најдолго и континуирано се очекува врнежите да се задржат во југоисточните делови, каде количината на наврнат воден талог може да биде и поголема . Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец. Т- макс. од 17 до 23 степени.

 

Локални врнежи од дожд се уште ќе има и утре претпладне. Во текот на денот ќе дува повремено засилен северен ветер. Од вторник следува период на стабилно време со пораст на дневната температура, која во петок ќе биде во интервал од 29 до 35 степени.