Облачно и врнежливо

0
378

Денеска времето во Македонија ќе биде променливо облачно и посвежо со врнежи од дожд, кои на повеќе места ќе бидат поројни и проследени со грмежи. Пообилни врнежите ќе бидат во западните делови од земјата. Ќе дува умерен до засилен ветер од североисточен правец.

Максималните дневни температури ќе бидат во Скопје 20 Целзиусови степени, Крива Паланка 17, Маврово 13, Охрид 17, Битола 18, Кавадарци 22, Берово 16, Дојран 23…

Од утре следува период кога во попладневните часови ќе има локален дожд со појава на ретки грмежи. Поради јужното воздушно струење, дневните температури повторно ќе бидат во пораст. Извесно преодно стабилизирање на времето се очекува во вторник, прогнозира УХМР Македонија.