Облачно и врнежливо време

0
273

Според мерењата на УХМР во Пожаране се наврнати 24 литри на метар квадратен, во Тетово 18, во Маврово 17, Скопје 16, Крушево 13, Дебар 12, Лазарополе 11, Охрид 8, Ѓуриште 7, Штип 6, Виница 5, Берово и Куманово 4, Тополчани, Прилеп и Струмица 3, Претор 2 и во Битола и Демир Капија 1 литар на метар квадратен.

Утрово преовладува облачно време, слаб дожд има локално. На планините дува слаб умерен ветер од јужен правец. 

Времето денеска ќе биде променливо облачно, претпладне со слаб локален дожд. Ќе дува слаб ветер претежно од јужен правец. Температурата ќе се движи  од 3 до 9, а максималната од 13 до 19 степени.