Облачно и врнежливо

0
327

Времето денеска ќе биде променливо облачно, со повремен дожд, особено во претпладневните часови. Во текот на денот ќе дува слаб до умерен северозападен ветер, додека во западните делови повремено засилен западен ветер.

Минималната температура ќе се движи од 7 до 13 Целзиусови степени, а максималната од 15 до 22 степени.

Во Битола облачно со повремени сончеви периоди и температура до 14 степени.

Во следните два дена се очекува намалување на облачноста, стабилизирање на временските услови, со сончеви периоди, но и пониска утринска температура.