Облачно, кон крајот на денот со дожд и силен ветер

0
485

Променливо облачно, кон крајот на денот и во текот на ноќта со повремен локален дожд, особено во западните делови. Ќе дува засилен до силен југоисточен ветер, особено долж Повардарието и во источните делови и на моменти ќе достигнува брзина над 90 км/час.

Утринските температури ќе се движат од 3 до 11 Целзиусови степени, додека дневните ќе бидат во интервал од 9 до 18 степени.

Во Скопје и околината слично време со утринска температура околу 8 и дневна до 15 степени.

Во наредните денови ќе преовладува променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд, а температурите ќе бидат во постепено опаѓање. /крај/ухрм