Облачно, попладне со локален пороен дожд

0
428

Променливо облачно, попладне со локален пороен дожд и ретки грмежи. Ќе дува слаб, во западните делови умерен јужен и југозападен ветер.

Утринските температури ќе се движат од 4 до 10, додека дневните ќе бидат во интервал од 16 до 27 степени.

Во наредните три дена во попладневните часови ќе има локален краткотраен дожд со ретки грмежи, а температурите ќе бидат во опаѓање. Од средината на неделата ќе биде стабилно со пораст на дневната температура.  /крај/ухрм