Облачно со локални врнежи од дожд

0
480

Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремен локален дожд, особено попладне кога ќе има услови за појава на ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

Максималните дневни температури ќе бидат во Скопје 18 Целзиусови степени, Крива Паланка 16, Маврово 8, Охрид 15, Битола 17, Кавадарци 19, Берово 14, Дојран 20…

И утре времето ќе биде променливо облачно со повремен локален дожд, особено попладне и со умерен до засилен северен ветер. Преку ноќта поради спуштање на постуден воздух од север на планините и на повисоките места на запад врнежите ќе бидат од снег.

В петок времето ќе биде сончево со умерена облачност и умерен северен ветер.

Од сабота времето ќе се стабилизира и ќе имаме сончево и потопло време.

Дневните температури ќе се движат во интервал од 11 до 19 степени.